
Баерн Минхен и Интер постигнаа целосен договор за сите детали околу трансферот на Бењамин Павар. Вчера се шпекулираше дека директорот на „нероаѕурите“, Џузепе Марота, ги повикал своите колеги во Минхен и им дал ултиматум до попладнево да донесат одлука за трансферот.
Токму тоа се случи денеска кога челниците на Баерн Минхен дадоа зелено светло за комплетирање на трансферот. Интер ќе плати 30 милиони евра за Павар, плус бонуси.
Французинот се очекува најдоцна до утре да отпатува за Милано, по што ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи и ќе го потпише договорот. Дефанзивецот реши цврсто да го напушти Баерн Минхен и го извести раководството на тимот уште по завршувањето на сезоната, но неговата продажба се реализира дури сега.
Се очекува шампионот во Бундес – лигата да доведе замена за Павар во наредните денови, а најчесто се споменува името на Тревох Чалоба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
