Connect with us

Баерн го продава Сабицер за 15 милиони евра

Германскиот првак Баерн Минхен сака да ја прекине соработката со австрискиот репрезентативец Марсел Сабицер и подготвен е да го продаде за само 15 милиони евра. Германските медиуми наведуваат дека најголемиот проблем со Сабицер е многу високата плата од речиси 10 милиони евра годишно.


Баерн Минхен сака да отвори место во буџетот за доаѓањето на Садио Мане, иако најверојатно ќе се раздели и со Роберт Левандовски кој инсистира на трансфер во Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови