
Најдобриот голман на актуелното Европско првенство, Георги Мамардашвили, ќе биде еден од главните актери на летниот преоден рок.
Одличниот грузиски чувар на мрежата блескаше на сите четири натпревари на својот национален тим, оствари најмногу одбрани и го привлече вниманието на јавноста. Неколку клубови се распрашуваат, а се зборува и за повторен интерес од Баерн, кој го сакаше и пред една година. Сепак, Мамардашвили не е за преселба во Минхен.
Не затоа што не му се допаѓа повикот, туку затоа што верува дека Мануел Нојер сè уште е неприкосновен.
„Баерн сè уште го има најдобриот голман на светот и во моментот не е можно да одам таму. Ќе отидам само таму каде што ќе играм. Во спротивно, трансферот нема да се случи“, изјави Мамардашвили, кој брани за Валенсија, каде од ова лето е и Столе Димитриевски.
За него наводно се интересира и Челси, но и неколку други гиганти, а цената му е околу 40 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
