Connect with us

Баерн броеше до шест против Мајнц (ВИДЕО)

Баерн Минхен го победи Мајнц со 6-2 на домашен терен и се искачи на врвот на табелата во Бундес – лигата. Баварскиот тим поведе со голот на Гнабри во петтата минута, а Мусијала зголеми на 2-0 по половина час.

Садио Мане беше стрелец на третиот гол откако погоди на одбиена топка по нереализираниот пенал, а Мајнц постигна гол преку Видмер пред одморот. Само минута претходно и Бурхарт не реализира пенал за Мајнц.

Горецка, Матис Тел и Чупо Мотинг дадоа уште три гола за Баерн во вториот дел, а за гостите погоди Ингвартсен.

Лајпциг го победи Баер Леверкузен со 2-0 со головите на Кристофер Нкунку и на Тимо Вернер, а Волфсбург беше убедлив против Волсфбург и славеше со 4-0.

Штутгарт во финишот го совлада Аугсбург со 2-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови