
Раководството на Баерн Минхен ќе мора да се справи со голманската криза во тимот предизвикана од тешката повреда на Мануел Нојер. Капитенот на Баварците ја скрши ногата на скијање и е во аут до крајот на сезоната. Така, Свен Улрих и Јоханес Шенк му остануваат на располагање на Џулијан Нагелсман.
На „Алијанц Арена“, сепак, не планираат да останат само со нив двајца и веќе се разгледуваат опции за обезбедување на уште еден голман.
Првата опција е раскинување на позајмицата на Александар Нубел во Монако. Баерн Минхен веќе стапил во контакт со францускиот клуб, но ќе мора да плати за предвремено враќање на чуварот на мрежата во Минхен.
Нубел е во својата втора сезона на позајмица меѓу „кнезовите“, а неговиот договор трае до летото.
Самиот голман сака гаранции за минутажа од стручниот штаб на Баварците за да се врати во тимот.
Ако Баерн не успее да го врати Нубел, има други алтернативи во клубот. Првата е хрватскиот репрезентативец Доминик Ливаковиќ од Динамо Загреб. Тој брани одлично на Светското првенство.
Малку поевтина варијанта е Кејлор Навас. Костариканецот го загуби местото во ПСЖ и е подготвен да си замине, а Баерн за него би бил одлична можност.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
