Германскиот гигант Баерн Минхен сака да ја задржи младата ѕвезда Џамал Мусијала, но преговорите за нов договор сѐ уште се во тек и нема знаци на напредок.
Најновата вест е дека Баварците се подготвени и да го пуштат Мусијала, но само ако некој понуди 140.000.000 евра.
Според англиските и германските медиуми, Мусијала има договор со Баерн до 30 јуни 2026 година, сака да го продолжи договорот, но бара неделна плата од 350.000 евра.
Баерн Минхен не е подготвен да го прифати овој услов, сметајќи дека барањата на фудбалерот се преголеми.
За Мусијала се интересираат најголемите европски клубови, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал.
Мусијала ја започна кариерата во Челси, а во Баерн пристигна во 2019 година. Во 167 натпревари за клубот од Минхен постигна 45 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













