Неколку месеци се шпекулира дека Флоријан Вирц би можел да го напушти Баер Леверкузен по завршувањето на сезоната. Но, според новите информациите на „Кикер“, ова може значително да се промени, бидејќи германскиот репрезентативец потпишал нов договор со „фармацевтите“.
Германскиот медиум тврди дека Баер Леверкузен го продолжил договорот на својата голема ѕвезда, кој треба да истече во 2027 година, за најмалку една година. Ако ова е точно, Вирц ќе стане најплатениот фудбалер во составот на германскиот шампион.
Florian Wirtz has extended his contract at Bayer Leverkusen and will definitely stay there next season. The deal is done [@kicker] pic.twitter.com/98BtM36aqy
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) December 16, 2024
Според „Кикер“, 21-годишниот офанзивен играч за врска ќе биде првиот играч на Баер кој ќе заработува повеќе од 20 милиони евра годишна плата.
Најсериозни кандидати за потписот на Вирц се Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Баерн го следи Германецот веќе подолг период и е подготвен да му понуди уште поголема плата, но изгледа дека во моментов тој ќе остане на „Бај Арена“ барем до следната сезона.
Вирц има 11 голови и пет асистенции во 24 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal