
Актуелниот шампион Баер Леверкузен не блескаше против Хајденхајм, но на крајот успеа да побегне со трите бода. Натпреварот се чинеше дека ќе заврши без голови, сè до 91. минута кога Емилијано Буендија се појави на вистинското место и го донесе победничкиот гол за 0-1.
Борусија Дортмунд убедливо славаше на гости кај Фрајбург со 1-4. „Милионерите“ ја отворија пресметката уште во првото полувреме, кога Карим Адејеми го најде патот до мрежата и обезбеди водство на полувреме. Во вториот дел, Дортмунд засили уште повеќе, Чуквуемека, Гираси и Гитенс беа прецизни и ја запечатија победата. Почесниот гол за домаќините беше дело на Макс Егештајн во 89. минута.
Со овие три бодa, тимот од Дортмунд се доближи до Фрајбург на табелата и останува сериозен кандидат за излез во европските натпреварувања следната сезона.
Штутгарт немаше милост кон Бохум, оствари убедлива победа од 0-4 со доминација од почеток до крај. Лајпциг пак стигна до триумф против Хофенхајм од 3-1.
Мајнц 05 и Холштајн Кил ремизираа 1-1, со по еден погодок од двете страни и без победник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
