Давид Бабунски не доби шанса да ги докаже своите квалитети во дресот на романскиот Ботошани, бидејќи сезоната во романското првенство беше прекината десетина дена по неговиот потпис. Македонецот сепак е во топ-форма, тој објави видео од тренинзите што ги прави додека е во карантин, воедно и моќна порака во овие тешки времиња ширум Европа и светот.
„Натерајте ме во карантин во хотелска соба од 20 метри квадратни. Оставете ме среде море, заклучете ме во затворска ќелија… Оставете ме среде пусина. Се додека можам светско да го користам единственото нешто што можам да го носам со себе и не можете да ми го одземете – мојот УМ – ништо не може да ме запре да продолжам да учам, напредувам и подобрувам одредени работи од себе“, напиша Давид Бабунски под објавеното видео.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski