
Англија и Италија ремизираа без голови, а по ова реми селекцијата на Роберто Манчини го задржа првото место во групата 3 од елитната дивизија во Лигата на нации. Германија исто така ремизираше 1-1 на гости кај Унгарија.
Жолт Наѓи во шестата минута донесе предност за домаќинот, но израмни Јонас Хофман само три минути подоцна.
Мемфис Депај не реализира пенал во судиското продолжение, па Холандија одигра 2-2 против Полска. Кеш и Зиелински донесоа водство од 0-2 за Полска, но Класен и Дамфрис успеаја да израмнат на почетокот на вториот дел.
Велс и Белгија исто така одиграа 1-1. Јури Тилеманс во 51.минута ја доведе Белгија во водство, а израмни Бренан Џонсон во завршницата од дуелот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal