
Фудбалерите на Брегалница денеска (13 часот) во Штип пред своите навивачи го очекуваат претпоследниот предизвик оваа есен во Првата македонска фудбалска лига. Во 17. коло од шампионатот во Штип гостува Работнички.
Дефанзивецот Антонио Азиновиќ верува во натпревар со позитивен резултат и против „романтичарите“.
„Не очекува уште еден тежок натпревар, против силен противник кој изминативе кола загуби доста бодови, па сигурно сега против нас ќе го дадат максимумот за победа. Но, и нашите амбиции се триумф затоа што сакаме со три бода да им се оддолжиме на нашите навивачи кои секој натпревар се со нас и максимално не поддржуваат“, изјави Азиновиќ.
Дербито на колото се игра на Чаир каде Шкупи ќе ја пречека Шкендија, а Струга Трим Лум ќе гостува на Автокоманда против Скопје.
Ренова во Тетово е домаќин на Тиквеш, додека Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека составот на
Академија Пандев. Пелистер се уште е во потрага по првата победа, а денеска ќе го нагости Борец.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО (13 часот)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РЕНОВА – ТИКВЕШ
СКОПЈЕ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
