Connect with us

Азербејџан го смени Фернандо Сантош, а и Казахстан ќе дојде во Скопје со нов селектор

Фудбалската федерација на Азербејџан официјално соопшти дека се разделува со селекторот Фернандо Сантош. Искусниот 70-годишен Португалец, кој со својата татковина беше европски првак во 2016 година, ја презеде репрезентацијата минатото лето, но резултатите беа разочарувачки – на 11 натпревари не успеа да запише ниту една победа.

Азерите лошо ги започнаа светските квалификации, а последниот удар беше убедливиот пораз од 0-5 на гостувањето кај Исланд. Дополнителен проблем за нив е што во групата играат и силните Франција и Украина.

Ова е уште еден тренерски неуспех за Сантош во последните години, откако претходно беше отпуштен како селектор на Полска, а потоа и од клупата на Бешикташ. За претстојниот меч со Украина, селекцијата ќе ја предводи тренерот на У21 тимот, Ајхан Абасов.

Проблеми има и уште една репрезентација од УЕФА, Казахстан, кој се наоѓа во група заедно со Македонија. Селекцијата доживеа тежок пораз од 0-6 против Белгија, по што селекторот Али Алиев поднесе оставка.

„Јас ја преземам целата одговорност за поразот. Вината е моја и ќе поднесам оставка“, изјави Алиев на прес-конференцијата во Белгија.

По пет кола, Казахстан има три бода и се наоѓа на четвртото место во групата, каде се и Белгија, Велс, Македонија и Лихтенштајн. Алиев ја презеде селекцијата во јануари, веднаш по заминувањето на Станислав Черчесов.

Ова значи дека Казахстан со нов селектор ќе допатува на дуелот против Македонија во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови