Connect with us

Азар заминува од Реал, три опции каде да продолжи…

Еден Азар не успеа да се наметне во Реал Мадрид, никако не може да добие стандарден првотимски статус, па можно е да замине на позајмица оваа зима. Според шпанските медиуми, Реал не би имал ништо против Белгиецот да замине бидејќи не е во преден план, а е најплатен во тимот.


Во моментов се чини дека пред Азар се три опции, враќање во Челси, или заминување во Јувентус или во Њукасл.

Во Челси тој е легенда, но прашање е колку му е потребен на Томас Тухел во овој момент. Сепак, можни се промени и во лондонскиот тим, да заминат Хаким Зијеч или Кристијан Пулишиќ, па во случај Белгиецот секако би бил од голема помош.

На Јувентус очајно му е потребен уште еден играч со офанзивни карактеристики, со оглед дека по заминувањето на Роналдо тимот е многу неубедлив. Масимилијано Алегри сигурно не би имал ништо против да го добие на полусезоната.

Њукасл е најмалку звучна опција. Богатите шеици почнуваат да градат нов тим кој прво ќе треба да се избори за опстанок. Тука проблем не се парите, туку сомнежот на големите ѕвезди во нивниот спортски проект, односно колку време ќе биде потребно додека тимот да се најде во борба за врвот во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови