Еден Азар сака да го напушти Реал Мадрид ова лето и инсистира на тоа да се врати во Челси, се вели во шпанските медиуми. Летото 2019, белгискиот репрезентативец ги напушти “сините” и се приклучи на Реал во договор вреден околу 100 милиони eвра. Но, откако се пресели во Шпанија, Азар разочара со формата, а и со многубројните и константни повреди, кои го ограничија на само 10 стартови во Ла Лига и три повеќе во Лигата на шампионите оваа сезона.
Белгискиот интернационалец исто така беше принуден да се извини откако ги налути приврзаниците на Реал Мадрид смеејќи се и шегувајќи се со поранешниот соиграч, Курт Зума, по елиминирањето на неговиот тим од ЛШ токму од Челси на почетокот на овој месец.
Сега се верува дека Азар сака да го напушти Мадрид ова лето и преферира да се врати во Лондон. Тој помина седум сезони на „Стемфорд Бриџ“ и му помогна на клубот да освои две титули во Премиер – лигата и Лигата на Европа, како и ФА купот во еден наврат. Претходно, шпанските весници тврдеа дека Флорентино Перез е подготвен да го продаде играчот од средниот ред на крајот на сезоната по неговата неуспешна авантура во „кралскиот клуб“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













