
Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски четврти меч беше стартер за Кајзериспор во првенството на Турција, а тимот го забележа третиот триумф. Откако офанзивецот заигра за составот на Дан Петреску, Кајзериспор успеа да ја напушти опасната зона на табелата.
Кајзери денеска на домашен терен славеше против Башакшехир со 2-0. Двоен стрелец за тимот беше романскиот интернационалец Денис Алибек, а Даниел Аврамовски даде полн придонес и играше се до финишот, со оглед дека го напушти теренот во 90.минута од мечот.
По 19 одиграни кола Кајзериспор се наоѓа на 17. позиција со 19 бода, а во следното коло му гостува на Фенербахче.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal