Европското првенство е блиску до својата кулминација, со полуфиналињата на дневен ред. Во првото од нив, ривали се селекциите на Шпанија и Франција, а натпреварот се игра вечерва од 21 часот на „Алијанц арена“ во Минхен. Утревечер, пак, Холандија и Англија ќе го определат другиот финалист.
Шпанија стигна до тука по три победи во својата група, успех над Грузија во осминафиналето и драматичен триумф 2-1 над домаќинот Германија по продолженијата во четвртфиналето. Тимот на Луис де ла Фуенте е еден од ретките атрактивни на првенството, со што освои многу фанови со својот напаѓачки стил на игра.
Во исто време, Французите се меѓу разочарувањата во однос на играта на теренот, бидејќи овој тим на Дидие Дешан нема ништо заедничко со селекциите од претходните неколку форуми, кои блескаа во нападот. Независно од тоа, „петлите“ стигнаа до полуфиналето, потпирајќи се претежно на одличната игра во одбраната.
Во групата, Франција запиша две ремија и една победа, што беше доволно за второ место. Потоа следеше минимален успех со 1-0 над Белгија во осминафиналето, остварен со автогол.
Во четвртфиналето видовме здодевен дуел со Португалија, остварен по изведување пенали. На тој начин, Франција продолжува да има само еден гол од игра, постигнат од свој играч – и тоа од пенал. Килијан Мбапе беше прецизен од белата точка против Полска.
„Црвената фурија“ е во непријатна ситуација да не може да се потпре на двајца од своите стартери во одбраната поради суспензија. Дани Карвахал е надвор поради црвен картон, а Робин Ле Норман ќе го гледа натпреварот од трибините поради акумулирани жолти картони. Покрај тоа, Педри исто така нема да игра, но поради повреда.
Во составот на Франција нема такви проблеми, а Адриен Рабио дури се враќа по суспензијата од жолти картони.
Главен судија ќе биде Славко Винчиќ, кој го водеше последното финал во Лигата на шампионите. Со овој судија претходно на ЕВРО 2024, Шпанија ја победи Италија во групната фаза.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski