Connect with us

Атрактивен гол на Халанд, Дортмунд се радува на титулата во Купот на Германија (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд вечерва со убедливи 1-4 го надигра РБ Лајпциг и дојде до титула во Купот на Германија, прв трофеј за „милионерите“ во последните две години.

Норвежанецот Ерлинг Халанд постигна атрактивен гол и имаше одлична игра во текот на целиот натпревар. Резултатот беше отворен уште во 5. минута со гол на Санчо, а во 28. минута Халанд ја дуплираше предноста. Со втор гол на Санчо резултатот на полувреме беше 0-3. Во вториот дел од натпреварот Лајпциг намали преку Дани Олмо, а конечните 1-4 ги постави Халанд со втор гол.

Advertisement

Facebook

Тимови