Шпанскиот првак Атлетико Мадрид успеа да се опорави од елиминацијата во ЛШ со триумф во Ла Лига. Еспањол падна на „Ванда Метрополитано“ со 2-1, а тимот на Диего Симеоне постигна победнички гол од пенал во 100.минута од дуелот.
Атлетико Мадрид во последните дваесетина минути беше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Жофри Кондогбија, но и покрај тоа стигна до трите бода.
Јаник Караско во 52.минута донесе предност за Атлетико Мадрид, но Раул де Томас во 74.минута израмни од слободен удар, по слабата реакција и на Јан Облак.
Сепак, во 97.минута беше досуден пенал за Атлетико Мадрид по прегледување на ВАР-снимката, а Јаник Караско буквално во 100.минута постигна гол од белата точка за триумф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













