
Атлетико Мадрид конечно успеа да врзе две последовни победи во Ла Лига, совладувајќи го Валјадолид со 4-2 на свој терен, во натпревар кој го затвори 31. коло од шпанското првенство.
По триумфот над Севилја во претходното коло, мадриѓани покажаа дека се враќаат на победнички пат, а вечерва во динамичен и ефикасен дуел повторно ги израдуваа своите навивачи. Тимот на Диего Симеоне до трите бода дојде благодарение на два реализирани пенали и неколку клучни измени во второто полувреме.
Натпреварот започна неочекувано со водство на Ваљадолид. Сиља во 21. минута беше сигурен реализатор од пенал. Но, само четири минути подоцна и Атлетико доби шанса од белата точка, а Алварез донесе израмнување (1-1).
Веќе во следниот напад, Симеоне на асистенција од Бариос постигна гол за целосен пресврт и 2-1 за домаќините.
Гостите не се предадоа – на стартот од второто полувреме Санчез ја казни невнимателноста на одбраната на Атлетико и го донесе Валјадолид до ново израмнување (2-2).
Овој погодок го натера тренерот Диего Симеоне да реагира со дури четири измени во рок од седум минути, и токму тие измени донесоа свежина и резултат. Алварез повторно реализираше пенал, овојпат за 3-2, а во финишот на натпреварот Сорлот стави точка со гол за конечни 4-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal