
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид ќе се натпреварува со Интер и со Рома за потписот на аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала. Раководството на Атлетико појави да го доведе Дибала, кој од 1 јули и официјално ќе стане слободен играч и ќе го напушти Јувентус. Шпанскиот клуб и претходно имаше интерес за играчот, а сега го обнови и сака да го доведе на „Ванда Метрополитано“ за следната сезона.
Дибала трпеливо чека развој на ситуацијата, а италијанските медиими наведуваат дека начелно е договорен со Интер, кој претходно треба да се раздели со Алексис Санчез и да ослободи средства во буџет за негов ангажман.
Во меѓувреме, Атлетико Мадрид си ја гледа својата можност да дојде до одличниот офанзивец. За Дибала се заинтересирани и Рома, Тотенхем и Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal