Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид сака да ја искористи инертноста на Милан и ќе се обиде да го потпише Хакан Чалханоглу. На турскиот интернационалец во јуни му истекува договорот со „росонерите“, а се уште нема постигнато „дил“ за продолжување на соработката.
Пред еден месец имаше најави дека Чалханоглу ќе замине, но сега Милан е лидер на табелата, а Турчинот игра одлично на последните неколку натпревари. Тоа го предомисли раковоството на „росонерите“ кое ќе се обиде да го задржи.
Диего Симеоне инсистира Атлетико Мадрид да купи нов играч за врска, а токму Хакан Чалханоглу е негов прв пик. Во трката се и Манчестер Јунајтед, Јувентус и Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













