Connect with us

Атлетико Мадрид го доведе Чаглар Сојунџу од Лестер

Атлетико Мадрид објави дека клубот потпишал договор со турскиот интернационалец Чаглар Сојунџу. Централниот дефанзивец пристигнува од испаднатиот тим од Премиер – лигата, Лестер, на слободен трансфер. Тој потпиша на четири сезони.


27-годишниот Сојунџу се пресели во Лестер во 2018 година, каде што помина пет сезони.


Сојунџу минатата сезона одигра само девет натпревари и постигна еден гол за „лисиците“, мачејќи се со чести повреди и редовно останувајќи на клупата.


За турската репрезентација има 53 натпревари и два постигнати гола.


Сојунџу стана второто летно засилување за тимот на Диего Симеоне, откако Атлетико Мадрид веќе го ангажираше левиот бек на Селта, Хави Галан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови