
Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид го осуди расистичкото однесување на дел од своите навивачи на дербито против Реал Мадрид насочено кон бразилскиот интернационалец Винисиус Жуниор.
Група ултраси скандираа „Винисиус, ти си мајмун“, а видеоматеријалот може да му донесе на клубот сериозна санкција и затворање на стадионот на неколку натпревари, во зависност од исходот од истрагата на Ла Лига.
„Атлетико Мадрид е познат по тоа што е отворен и има простор за навивачи од различни националности, култури, раси и општествени класи. Ова не може да го наруши имиџот на илјадниците навивачи на Атлети кои го поддржуваат својот тим со страст и почит кон ривалите. Овие скандирања предизвикуваат гадење и огорченост. Нема да дозволиме неколку луѓе да се кријат зад нашите бои и да навредуваат на расистичка и хомофобна основа“, се вели во официјалното соопштение на Атлетико Мадрид.
Раководството уверува дека ќе го исфрли секој член на клубот кој учествуваше на овој настан. Шампионот Реал Мадрид го доби дербито против Атлетико Мадрид со 1:2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина
