Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, ќе ги пропушти првите два натпревари на клубот во Лигата на шампионите поради повреда.
Вилијамс се повреди во неделата, во првото полувреме од натпреварот Турција – Шпанија (0-6) во квалификациите за Светското првенство, а клубот потврди дека се работи за повреда на левиот бутен мускул.
Атлетик не ја откри точната дата на враќање на играчот, но според проценките, Вилијамс ќе паузира најмалку еден месец и ќе ги пропушти натпреварите против Арсенал и Борусија Дортмунд во групната фаза.
Првиот меч на Атлетик во Лигата на шампионите оваа сезона е против Арсенал на 16 септември, а ова е првпат клубот од Баскија да се натпреварува во елитното натпреварување од сезоната 2014/15.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













