Аталанта брзо се опорави од поразот од Интер и со 3-1 ја совлада Специја на домашен терен како најава за гостувањето во Мадрид и реваншот против Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Џанпјеро Гасперини го покажаа квалитетот во второто полувреме кога беа постигнати и сите четири гола на овој меч.
Марио Пашалиќ го отвори резултатот, Луис Мјуриел постигна прекрасен погодок за 2-0, а потоа Пашалиќ уште еднаш ја затресе мрежата на Специја. Гостите постигнаа почесен гол преку Роберто Пиколи во 82.минута.
Аталанта се израмни бодовно со Јувентус кој има два одиграни меча помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













