Connect with us

Аталанта оствари клучен чекор кон пласманот во ЛШ (ВИДЕО)

Аталанта стигна до многу значаен триумф против Болоња (2-0) на домашен терен, со што го направи можеби и клучниот чекор кон пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. Сега тимот од Бергамо се наоѓа на третата позиција и има четири бода повеќе токму од Болоња, која е петтопласирана со 57 бода.

Матео Ретеги уште во третата минута донесе водство за Аталанта на овој дуел. Вториот гол беше дело на Марио Пашалиќ во 21.минута од мечот.

По ова, Болоња не успеа да возврати до крајот и доживеа пораз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови