Астон Вила стигна до 17. победа во Премиер – лигата оваа сезона, но се намачи за да го совлада Лутон на гости со 2-3, иако тоа делуваше многу лесна задача по првото полувреме.
Оли Воткинс со два гола обезбеди предност од 0-2 на полувремето, а Лутон речиси и да беше безопасен по голот на Емилијано Мартинез.
Но, во вториот дел Лутон тргна на сѐ или ништо и успеа да израмни. Во 66.минута Чонг намали на 1-2, а шест минути подоцна Морис донесе израмнување.
Сепак, Унаи Емери направи неколку замени, во игра ги уфрли Дијаби и Лукас Диње и тие го решија мечот. Првиот асистираше, а Лукас Диње со удар со глава во 89.минута постигна победнички гол за Астон Вила која го чува четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампионите.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski