
Астон Вила стигна до десеттата побда во Премиер – лигата оваа сезона, но многу вредна со оглед дека триумфираше против актуелниот шампион Манчестер Сити со 1-0. Со овие три бода, тимот на Унаи Емери ги прескокна „граѓаните“ на табелата и се искачи на третото место со 32 бода.
Леон Бејли беше стрелец на победничкиот гол за Астон Вила во 74.минута од мечот.
Манчестер Сити нема победа на последните четири натпревари во Премиер – лигата.
Манчестер Јунајтед го победи Челси со 2-1 на „Олд Трафорд“. Тимот на Ерик Тен Хаг сега се наоѓа на шестата позиција со 27 бода.
Бруно Фернандеш во деветтата минута не реализира пенал, но херој на „ѓаволите“ беше Скот Мектоминеј. Тој беше двоен стрелец за својот тим. Донесе водство во 19.минута, а израмни Кол Палмер во 45.минута.
Сепак, Мектоминеј беше голгетерски расположен и погоди и вторпат во 69.минута, на асистенција на Гарначо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
