Дефанзивецот Цезар Аспиликуета има повреда на коленото и ќе биде надвор од терените за Атлетико Мадрид на неодредено време, соопштија од шпанскиот фудбалски клуб. Тој го скина менискусот во победата од 4-2 против Реал Мадрид во Копа дел Реј.
Атлетико, кој победи во продолженијата, не прецизираше точна временска рамка за опоравување на Аспиликуета.
Аспиликуета (34) му се приклучи на Атлетико Мадрид на почетокот на оваа сезона по долгата и успешна кариера во Челси. Со тимот ја освои Лигата на шампионите и двапати титулата на Англија.
Аспиликуета оваа сезона одигра 22 натпревари.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













