Фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими, е осомничен за силување, пишува францускиот весник „Ле Паризиен“. Девојката, чие име останува непознато, во неделата го пријавила во полиција. Девојката рекла дека не сака да поднесе пријава против него, туку само да го пријави во полиција и да даде изјава.
Комуникацијата меѓу Хакими и девојката која го пријавила наводно започнала на 16 јануари преку Инстаграм. Во саботата, на 25 февруари, девојката требало да оди во неговиот стан, а фудбалерот на ПСЖ и испратил „убер“. Таа во полиција изјавила дека нивната средба излегла од контрола.
Според неа, тој ја бакнал, ја соблекол и имал секс со неа и покрај нејзиниот отпор.
Девојката потоа наводно се спротивставила на неговите обиди и го оттурнала и успеала да испрати порака до една од нејзините пријателки да дојде да ја земе. Хакими не играше на натпреварот минатиот викенд бидејќи е повреден веќе извесно време.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













