Шпанскиот репрезентативец Марко Асенсио се враќа во составот на Пари Сен Жермен за денешното дерби во Лига 1 со Монако, објави францускиот шампион.
Напаѓачот беше надвор од теренот повеќе од два месеци откако заработи повреда на квалификацискиот натпревар меѓу Шпанија и Грузија (7-1) на 8 септември.
Асенсио летово дојде во францускиот првак ПСЖ како слободен играч откако му истече договорот со Реал Мадрид. Тој добро ја започна сезоната, постигна два гола и имаше една асистенција во првите три натпревари за парижаните.
Во групата на ПСЖ се враќа и Португалецот Данило Переира. Во исто време во тимот на Луис Енрике повредени се Маркињос, Ворен Заир-Емери, Преснел Кимпембе и Нуно Мендеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













