Connect with us

Асенсио му донесе триумф на Реал против Гранада (ВИДЕО)

Реал Мадрид долго се мачеше, но на крајот успеа да оствари минимална победа (1-0) над Гранада на „Сантијаго Бернабеу“. Марко Асенсио во 74.минута го постигна победничкиот гол со шут од 25 метри.

Составот на Карло Анчелоти не беше на потребното ниво, а беше видливо и дека тој ги нема на располагање Карим Бензема и Винисиус Жуниор. Сепак, на крајот Асенсио ја заврши работата за нови три бода.

По ова, „кралевите“ се наоѓаат на врвот на табелата во Ла Лига со шест бода предност во однос на Севилја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови