
Офанзивецот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, ја одби првата понуда од Милан. Не е тајна дека 26-годишниот фудбалер е желба на „росонерите“ за нивната летна селекција. Сепак, во оваа фаза, тој не е импресиониран од предлогот на италијанскиот калчолигаш за трансфер на „Сан Сиро“.
Асенсио не е особено задоволен од статусот на резерва во Реал Мадрид и речиси сигурно ќе побара трансфер на лето. Тој има договор со клубот до 2023 година, па шансата да биде продаден е повеќе од реална.
Тренерот Карло Анчелоти неодамна изјави дека смета на 26-годишниот Шпанец и се надева дека тој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“. Во исто време, сепак, Асенсио продолжува да има мала улога во тимот, особено во важните натпревари.
Во текот на сезоната Марко Асенсио настапи на 37 натпревари, постигна 11 гола и забележа една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
