Connect with us

Артуро Видал потпиша за Фламенго

Артуро Видал, 35-годишниот чилеански играч за врска, потпиша како слободен играч за бразилскиот Фламенго од Рио де Жанеиро и на тој начин по долги 15 години европска авантура се врати во Јужна Америка и во еден од најголемите клубови на тој континент, кој редовно игра во завршницата на Копа Либертадорес.


Големата кариера на Видал започна во неговата татковина во Коло Коло, каде сосема случајно беше забележан од скаутинг-службата на Баер Леверкузен додека „снимаше“ друг играч. Замина во Бундеслигата, а подоцна ги носеше дресовите на Јувентус, Баерн Минхен, Барселона и на Интер.

Во својата кариера освои пет титули во Серија А, три во Бундеслигата и една во Ла Лига. Со Јувентус играше и во финалето на Лигата на шампионите каде беше поразен од Барселона.

Со репрезентацијата на Чиле го постигна најголемиот успех во нејзината историја, освојувајќи две последовни титули на Копа Америка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови