Connect with us

Артуро Видал дојде на тренингот на Интер со “Фиат Панда” (ВИДЕО)

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Артуро Видал често беше исмејуван поради неговиот “откачен” начин на живот и неговите спортските автомобили, па тој денес се појави на тренинг со “Фиат Панда”. Видеото од пристигнување на тренингот на Интер во старото возило го објави самиот фудбалерна социјалните мрежи.

“Среќен сум што доаѓам на тренинг, бидејќи животот ми даде толку многу можности, но јас сум среќен со малите нешта“, се вели во објавата на Твитер.

Репрезентативецот на Чиле е познат по честите контроверзни испадни, а само пред неколку недели, на интеренет се појави снимка каде, во видлива алкохолизирана состојба, за малку ќе паднеше од својот луксузен спортски автомобил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови