Арсенал оствари екстремно важна победа над Челси (3-1) на Боксинг Деј. „Топчиите“ го надиграа составот на Франк Лампард, а менаџерот Микел Артета се надева дека ова ќе биде позитивен пресвртен момент во шампионатот.
„Се надевам дека го оживеавме вистинскиот Арсенал. Горд сум на момците, одиграа одлично и среќни сме што конечно им приредивме малку радосни моменти на нашите фанови. Знаеме каков тим има Челси, тие конкурираат за самиот врв, а ние успеавме да ги надиграме“, изјави Микел Артета.
Артета имаше многу проблеми пред мечот, тројца фудбалери беа во изолација и не можеа да помогнат, Габриел, Давид Луиз и Вилијан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













