Норвешкиот интернационалец Мартин Одегард веднаш блесна во дресот на Аресенал откако дојде од Реал Мадрид на позајмица. Тој досега одигра десет натпревари и импресионираше со играта, а на последните два меча беше и стрелец.
Менаџерот Микел Артета е задоволен од играта на Одегард и бара начин како да го задржи и следната сезона
.
„Мартин е одличен со топката, може да ја чува во континуитет. Умее да создаде шанса за соиграчите, но и влегува во шанси, покажа дека умее да постигнува и голови. Тој е комплетен играч за врска, и тоа одличен. Би сакал да го имам во Арсенал и следната сезона“, изјави Микел Артета.
Според сегашниот договор, Одегард треба да се врати во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













