Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше воодушевен од победата (2-4) во лондонското дерби против Челси. Успехот е исклучително вреден за „топчиите“, кои по трите последовни порази сега повторно се во битка за Топ 4 во Премиер – лигата. Тоа носи и настап во Лигата на шампионите следната сезона.
Микел Артета ги нарече своите играчи „феноменални“.
„Ми се допадна духот што го покажавме. Кога губиш неколку натпревари по ред, тоа се тешки удари и нормално е да бидеш критикуван. Но, не ми е гајле, вреди поради овие играчи. Тие се феноменални и постојано растат како тим. Знам дека имаат големи очекувања и дека самите беа разочарани од серијата порази. Но, да се победи на лондонското дерби на ваков начин, на гостински терен, е навистина неверојатно. Тоа ќе ни биде од голема корист, бидејќи ќе ни даде самодоверба и сила дека можеме да се бориме на највисоко ниво против најдобрите тимови во лигата. Овој Арсенал може да победи секого во Премиер – лигата“, изјави Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













