Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше многу задоволен од настапот на својот тим во натпреварот против Болтон во третото коло од Карабао купот. Лондончани победија со 5-1, а во натпреварот на „Емирати“ учествуваа и неколку млади играчи.
„Многу позитивна вечер за нас од секој аспект. Им дадовме минути на многу искусни играчи кои покажаа класа, а исто така шанса добија и неколку играчи од нашата академија. Некои од фудбалерите што играа денес одат на училиште. Тие беа исклучително среќни и им се заблагодарија на своите поискусни соиграчи за поддршката“, изјави Артета.
Во следната рунда, Арсенал ќе се сретне со Престон, а дербито на четвртото коло од Карабао Купот е мечот меѓу Тотенхем и Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













