
Раководството на Арсенал подготвува сериозни промени во составот за време на зимскиот преоден рок. Според информации од Шпанија, менаџерот Микел Артета е подготвен да се раздели со двајца значајни фудбалери, Габриел Жесус и Леандро Тросар.
По летото во кое клубот инвестираше околу 260 милиони фунти во нови засилувања како Виктор Ѓокереш, Мартин Зубименди, Нони Мадуеке и Еберечи Езе, логично следува чекор кон финансиско балансирање. Иако Жезус и Тросар имаат долгорочни договори, нивната моментална улога е маргинализирана, што отвора простор за потенцијални трансфери.
Бразилецот е меѓу најплатените играчи на „Емирати“ со неделна плата од 265.000 фунти, додека Белгиецот заработува околу 90.000 фунти неделно. Нивната продажба би ослободила значителен дел од буџетот за плати и би ѝ дала поголема флексибилност на управата за идни засилувања.
Жесус досега имаше многу проблеми со повреди, а моментално закрепнува по операција на коленото. Тој сè уште нема одиграно минута оваа сезона и не е дел од списокот на Арсенал за Лигата на шампионите – сигнал дека неговата иднина во клубот е неизвесна. Иако може да се врати во форма до јануари, шансите за трансфер се сè посериозни.
Кај Тросар ситуацијата е поинаква, но не помалку проблематична. Со свои 30 години, Белгиецот има само два настапи од клупата во првенството и вкупно 48 минути на терен. Иако неговата универзалност е предност, Артета повеќе не го гледа како клучна опција во нападот.
Договорите на двајцата фудбалери се активни до 2027 година, што му дава на Арсенал силна позиција во евентуални преговори. Но, фактот што клубот е подготвен да слушне понуди говори за решителноста на „топчиите“ да продолжат со еволуција и да останат во чекор со најсилните тимови во Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
