
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше нерешениот резултат од 3-3 на неговиот тим против Саутемптон во натпреварот од 32. коло на Премиер – лигата. Тренерот на „топчиите“ изјави дека неговите играчи самите ја искомпликувале ситуацијата, но и дека направените грешки се сосема нормален дел од играта.
„Секако дека не сме задоволни од резултатот. Повторно ја искомпликувавме ситуацијата во која се наоѓаме, но овие грешки се дел од играта. Сепак, го сакам мојот тим повеќе од кога било поради начинот на кој тие реагираа на она што се случуваше. Создадовме доволно шанси, но не ги реализиравме, што е разочарувачки. Сепак, реакцијата на нашиот млад тим беше неверојатна, убаво беше да се види како создаваме шанси и покажуваме карактер. Можам да кажам дека ги сакам моите играчи. Ние губиме и тие сакаат да победат повеќе од кој било друг“, изјави Артета.
Тоа беше трето последовно реми за „топчиите“ и тие сѐ уште се на врвот во Премиер – лигата, со пет бода повеќе од второпласираниот Манчестер Сити. Сепак, „граѓаните“ имаат два натпревари помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
