Арсенал на Микел Артета конечно влезе во посакуван ритам и ја оствари третата последовна победа во Премиер – лигата, совладувајќи го Вест Бромвич Албион убедливо на гости со 0-4. Во снежна атмосфера, „топчиите“ беа бескрупулозни и ја наполнија мрежата на домаќинот.
Киран Тирни ја отвори серијата во 23.минута, а пет минути подоцна Бакајо Сака зголеми на 0-2. Во вториот дел Александре Лаказет постигна уште два гола за вистинска рапсодија на избраниците Микел Артета.
Арсенал сега се наоѓа на 11.позиција на табелата со 23 бода, и тоа само шест помалку од третопласираниот Тотенхем.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski