Тимот на Шкупи се наоѓа пред елиминација во второто квалификациско коло од Конференциската лига откако загуби со 0-2 од Левски на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Тренерот Џихат Арслан смета дека резултатот не е реален, но, сепак, Шкупи со голема негатива ќе патува на реваншот во Софија.
„Левски поведе од лош удар кон голот кој потоа се претвори во додавање. Во последните моменти имавме пад на концентрацијата и примивме втор гол. Мислам дека резултатот не искажува реален однос на силите, затоа што ние имавме три одлични шанси во првиот дел. Задоволен сум од односот на моите играчи, тие покажаа ентузијазам. Не се предаваме, ќе одиме во Софија да одииграме добро“, изјави Арслан.
Реванш натпреварот во Софија се игра следниот четврток.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













