Connect with us

Арслан: Откако победивме со 0-5 во Литванија, бев да го скенирам Левски во живо

Тренерот на Шкупи, Чихат Арслан, истакна дека го следел во живо натпреварот на Левски веднаш по триумфот над Хегелман (0-5) во Литванија. Тој ги скенирал добрите и лошите страни на бугарскиот тим, но не сакал тоа да го објави јавно, од респект кон составот на Хегелман.


„Денот кога се вративме од Литванија, отпатував во Софија за да го гледам првенствениот натпревар на Левски, но не сакавме јавно да објавиме дека го следиме Левски, поради почитта што ја имавме кон Хегелман.


Нашата најголема предност е што играчите кои влегуваат во игра секогаш даваат многу од себе. Од сите играчи кои влегоа во игра како резерви, задоволен сум, особено од Алекс кој одигра добра партија, потоа Сахити кој е еден од многу важните играчи, иако нема играно шест месеци и мора полека да влезе во вистинската форма. Жал ми е што не можев да го внесам во игра Младеновски кој заслужува да игра, но шансата ќе ја има на следниот меч. На крајот им благодарам на навивачите и на сите кои дојдоа да не поддржат со надеж дека ќе имаме радост и во следната рунда“, изјави Арслан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови