Tренерот на Шкупи, Џихат Арслан, и фудбалерот за врска, Али Адем, веруваат во успех против Левски. Утре на арената „Тодор Проески“ (21 часот) се ира првиот натпревар од второто коло на Конференциската лига, во кој Шкупи се среќава со бугарскиот претставник Левски.
Фудбалерот Али Адем вели дека тимот на Шкупи е подготвен за надигрување и се надева на триумф.
„По дуелот со Хегелман сите сме фокусирани на овој натпревар. Со помош на навивачите се надеваме на поволен резултат. Овој тим на Шкупи е способен за големи достигнувања и тоа ќе го докажеме на утрешниот натпревар“, изјави играч за врска, Али Адем.
Тренерот Џихат Арслан искажа максимален респект за тимот на Левски, но и верува дека неговите фудбалери ќе одиграат квалитетен натпревар.
„Левски е посериозен противник од оној што го имавме претходно. Тоа е нов натпревар и потребна е нова стратегија. Целиот концепт на играта се менува и нормално дека се подготвуваме имајќи го на ум противникот. Левски е сериозна екипа, со години е дел од европските натпреварувања. Играат напаѓачки фудбал и имаат такви играчи. Покажавме и одредени слабости и тоа треба да го поправиме. Ќе се обидеме да бидеме покреативни. Секако дека размислуваме за победа на домашен терен, тоа би бил позитивен резултат за нас“, изјави тренерот Џихат Арслан.
Натпреварот помеѓу Шкупи и Левски се игра утревечер, со почеток од 21 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski