Арсими ја запиша својата прва историска победа во Прва МФЛ, откако во Битола го совлада Пелистер со убедливи 0-4 во петтото коло. Иако домашните одиграа многу добро прво полувреме во кое двапати ја погодија рамката од голот, неискористените шанси им се вратија како казна во продолжението.
Првото полувреме целосно им припаѓаше на битолчани – повеќе ја контролираа играта, создаваа шанси и притискаа, додека Арсими немаше ниту еден удар во рамките на голот, иако изведе три корнери.
Во второто полувреме сликата на теренот се промени – Арсими се стабилизира и тргна поактивно напред. По неколку обиди, резултатот беше отворен во 66. минута, кога Армин Бесагиќ со глава погоди за 0-1 по одлична акција и нафрлување на Асани.
Пелистер се обиде да израмни, но гостите играа организирано и не дозволија опасност. Игнатов се закани со удар од далечина, а потоа следуваше серија на голови.
Во 81. минута Таипи искористи невнимание во домашната одбрана, го мина Јовчевски и зголеми на 0-2, а по ВАР проверката погодокот беше потврден. Само неколку моменти подоцна Шефит Шефити се најде во добра позиција и со прецизен удар одблизу ја затресе мрежата за 0-3. Во самата завршница, во судиското продолжение, Леонид Игнатов излезе сам пред голот и мирно реализираше за конечни 0-4.
Со овој триумф, Арсими стигна до своите први три бода во елитата и се искачи на седмата позиција со вкупно пет освоени, додека Пелистер остана со бод повеќе на шестото место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













