Арсими официјално го промовираше своето најново засилување – напаѓачот Леонид Игнатов. Како што информира клубот од Чегране, станува збор за квалитетен, талентиран и веќе искусен фудбалер кој ќе го засили офанзивниот дел на тимот во пресрет на новата сезона.
Игнатов (23) доаѓа од редовите на Силекс, со кого минатата сезона стана вицешампион во Првата македонска фудбалска лига. Претходно ги носеше дресовите на Скопје и Вардар, а својата кариера ја градеше и во младинските категории на хрватскиот Хајдук Сплит.
Има настапи и за младинските репрезентации на Македонија, што дополнително ја зголемува неговата вредност како засилување за тимот на Арсими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













