Connect with us

Арсенал за 70 милиони евра го носи Влаховиќ на „Емирати“

Англискиот премиерлигаш Арсенал во јануари повторно ќе тргне по потписот на Душан Влаховиќ, пренесуваат англиските медиуми. Лондонскиот клуб планира да преговара за негов трансфер, бидејќи Микел Артета и понатаму бара нов голгетер, со оглед дека Габриел Жесус не ги исполни очекувањата.

Напаѓачот на Јувентус подолг период е желба на Арсенал. Неговиот договор со Јувентус трае до 2026 година, па Арсенал ќе мора да преговара за отштета со италијанскиот клуб.


Арсенал се насочи кон Влаховиќ бидејќи тој би можел да биде достапен за 70 милиони евра.

Првата желба на „топчиите“, Александер Исак, од Њукасл, е проценет на околу 120 милиони евра.

Влаховиќ оваа сезона постигна девет гола и запиша две асистенции на 17 натпревари, а вкупно во дресот на Јувентус има 50 голови и 11 асистенции на 118 настапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови