
Англискиот премиерлигаш Арсенал активно работи на можен трансфер на Рубен Невеш од Вулверхемптон. Тој е една од желбите на Микел Артета за засилувања во тимот по разочарувачката сезона.
Се очекуваат сериозни промени во средниот ред на „топчиите“. Дани Себалјос и Мартин Одегард се вратија во Реал Мадрид бидејќи беа на позајмица една сезона, Матео Гендузи не е во плановите на Микел Артета и е блиску до трансфер во Олимпик Марсеј, а Гранит Џака, кој имаше добра сезона, е посакуван од Жозе Мурињо во Рома. Токму од овие причини, Артета сака да додаде повеќе квалитет за да ја подигне класата на неговиот тим. Тој верува дека Португалецот ќе биде одличен партнер на теренот на Томас Парти.
Невеш е во Вулверхемптон од 2017 година и за четири години во Премиер – лигата доби многу пофалби, а на моменти дури го споредуваа и со легендарниот Пол Сколс.
Вредноста на фудбалерот во моментот е околу 35 милиони фунти, а Арсенал сака да ја заврши работата пред почетокот на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
