Connect with us

Арсенал со победа стартуваше во ЛШ, ПСВ непријатно изненаден дома (ВИДЕО)

Арсенал со победа од 0-2 на гостувањето кај Атлетик Билбао го отвори новото издание на Лигата на шампионите и веднаш потврди дека ќе биде еден од главните фаворити за титулата.

Триумфот на „топчиите“ го обезбедија резервистите на Микел Артета. Прво, Габриел Мартинели во 72. минута по асистенција на Леандро Тросар ја проби одбраната на домаќините и го совлада Унаи Симон. Во 87. минута улогите беа сменети – Мартинели асистираше, а Тросар погоди за конечни 0-2.

Во Ајндховен, ПСВ беше изненаден од Унион Сен Жил и загуби со 1-3. Давид Промис од пенал во деветтата минута го отвори резултатот и го постигна првиот гол во Лигата оваа сезона. Ануар Аит Ел Хаџ во 39. минута зголеми на 0-2, а Кевин Мекалистер во 81. го реши победникот. Почесниот гол за холандскиот тим го постигна Рубен ван Бомел во 90. минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови